Само три дена по бруталниот напад на седиштето на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“ во Париз, овој немил настан во кој загинаа 12 лица, започнаа да го експлоатираат за комерцијални цели.
На социјалните мрежи во знак на поддршка на слободата на говорот и солидарност за најголемиот терористички напад во Франција, настана цел пазар околу слоганот „Јас сум Шарли“.
Порталите за онлајн трговија се преплавени со огласи во кои се нудат цела низа производи како мајци, пенкала, беџеви, првезоци и слично.
На продажба се ставени и најпопуларните насловни страни на овој неделник, кои се лицитираат со астрономски цени.
Најновиот број на неделникот кој беше објавен на денот на нападот на чија што насловна страна е карикатура на познатиот француски книжевник Мишел Уелбек, чиј што контроверзен роман „Покорување“ ја опишува Франција во 2022 година под муслиманска власт, се продава по цена од 1.500 евра.
Е. Г.