Заложник во Париз загинал спасувајќи тригодишно момче?

Од:

Дваесет и двегодишниот Јохан Кохен, кој што е еден од четирите заложници кои деновиве ги уби радикалниот исламист Амеди Кулидали во продавница во Париз, загинал во обид да спаси дете.

Според полициски извори Кохен бил убиен, бидејќи реагирал откако терористот се заканил дека ќе убие тригодишно момче.

– Го грабнал оружјето на напаѓачот, но пред да успее да пука, терористот пукал во неговата глава и го убил- вели Јонатан, роднина на убиениот.

Наспроти оваа верзија „Дејли меил“ пренесе изјава на еден од ослободените заложници која што е поинаква. Ослободениот сведок рекол дека терористот го оставил калашниковотна пултот бидејќи се заглавил.

Screenshot_8

-Не собра сите потрошувачите и вработените, ни ги одзеде мобилните телефони и мирно ни соопшти дека е член на ИСИС. Одеднаш еден од присутните ја грабна пушката која беше на пултот, но оружјето не беше во функција. Терористот се сврте кон него и го уби на место – раскажал Микаел Б, кој во продавницата бил со својот тригодишен син. Како што пренесуваат медиумите тој во тек на исказот не споменал дека терористот се заканувал дека ќе го убие детето.

– Одев кон касата, кога слушнав тресок. Мислев дека е петарда, но кога се свртев забележав црнец со два калашникови и веднаш ми беше јасно што се случува. Го грабнав син ми и побегнав во задниот дел на продавницата, па заедно со уште неколкумина други купувачи се стрчавме по скалите до подрумот. Сите се сокривме во една од двете комори за разладување, но не можевме да ги затвориме вратите- го опишува Микаел почетокот на заложничката драма.

Тој вели дека потоа убиецот испратил една продавачка која им рекла да се вратат или ќе има жртви. Кога по втор пат дошла, тој го зел детето и тргнал со неа.

Кога се искачил на катот видел мртов маж во локва крв, а потоа го забележал и „необично мирниот“ терорист.

Според неговите зборови дел од потрошувачите останале во коморите и таму се смрзнувале во следните неколку часа, но некако успеале да стапат во контакт со полицијата и семејствата, а некои од нив успеале дури и да побегнат пред Кулидали да ги спушти металните завеси кои ги блокирале сите излези.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

„Шарли Ебдо“ повторно ги објави карикатурите на Мухамед поради кои беше мета на џихадистите

Ана Ололовска

„Шарли ебдо“ и по пет години по нападот остануива критичар на општетсвото

Ана Ололовска

Џихадистот Петер Шериф почнува со отслужување на петгодишна казна затвор

Ана Ололовска

Во Џибути уапсен џихадист поврзан со нападот врз „Шарли ебдо“

Ана Ололовска

Контроверзна карикатура на „Шарли Ебдо“ за сексуалните напади во Келн

Ана Ололовска

Една година по нападите против Шарли Ебдо и Хипер Кашер

Емир Латифовиќ