Шефот на малезиската полиција, генералот Калид Абу Бакар денеска ги демантираше вестите во поголем број светски медиуми кои шпекулираа дека терористичката двојка која го нападна парискиот супермаркет за кошер храна во петокот, престојувале и можеби се обучувале во Малезија.
Генерал Калид изјави дека со детална проверка на документацијата е утврдено Амеди Кулибали и Хајат Хумедиен никогаш не ја поминале границата на Малезија.
Кулибали беше застрелан од страна на полицијата на лице место, а се петпоставува дека Бумедиен излегла со другите преживеани заложници и исчезнала.