Постои голема веројатност за активирање на „заспаните ќелии“ на џихадистите во Турција, смета поранешниот заменик-директор на турската разузнавачка агнција МИТ, Џеват Онеш.
Тој оценува дека има можност џихадиситите кои сега се активни во Сирија и Ирак, да ја загрозат и Турција.
– Низ Турција минува транзитниот пат на џихадистите. Поради тоа земјата е изложена на ризик, изјави Онеш за весникот „Џумхуриет“.
Според него, турските безбедносни сили треба да преземат сериозни мерки за зајакнување на безбедност, која може да биде загрозена од турски или странски џихадисти.
– Неопходно е да се подобри системот на работа на турските безбедносни сили и на разузнавањето, смета Онеш.
Говорјеќи за нападот во Истанбул во вторникот, кога жена-самоубиец се саморазнесе пред полициска станица, при што уби еден полицаец, а рани друг, Онеш истакнува дека не е исклучено зад него да стои џихадистичката групата Исламска држава, Ал Каеда или некоја друга исламистичка организација.