Едно бебе во Франција, кое се роди на денот кога се случи стравотниот масакр во редакцијата на „Шарли Ебдо“ во Париз стана хит на социјалните мрежи поради искажана солидарност за жртвите.
Мајката Маријан изјави дека на своето дете сака да му подари живот без страв и од мали нозе да го научи на слобода на говорот, поради што му го даде името Шарли Ебдо.
На „Инстаграм“ таа објави фотографија од бебето со нараквица на раката, на која стои натписот „Јас сум Шарли“.
Е. Г.