Победа за Ал-Атијах на четвртата етапа

Од:

Катарскиот автомобилист Насер Ал-Атијах и шпанскиот мотоциклист Џоан Бреда забележаа победи на четвртата етапа на релито Дакар, која се возеше од Чилесито до Компијапо.

Бреда, специјалот дол 315 километри кој се возеше на четвртата етапа, чија должина изнесуваше 911 километри, ја заврши со време кое за две минути беше подобро од она кое го постигна бранителот на титулата во оваа конкуренција Марк Кома.

Три минути зад победникот на четвртата етапа во целта задоцни Чилеанецот Пабло Квинтанила.

Во генералниот пласман Бреда води со 13 минути предност во однос на Кома.

Кај автомобилистите Ал-Атијах забележа победа со време од 3:09.18 часа, додека втор на целта пристигна неговиот тимски колега од Мини, Нани Рома.

Ал-Атијах во генералниот пласман има предност од осум минути во однос на Жиниел Де Вилије, кој четвртата етапа ја заврши на третото место.

На релито Дакар, в четврток, ќе се вози петтата етапа од Копијапо до Антофагаста. Должината на етапата изнесува 697 километри.

Би можело да ве интересира

Дакар 2022 година: Петерансел заостанува 23 часа од водечките по несреќата во првата етапа

Ана Ололовска

ВИДЕО: Претстојниот викенд започнува релито „Дакар“, првиот голем спортски настан во 2021

Ана Ололовска

Сајнц го освои „Дакар“ по трет пат, Американец влезе во историја кај мотоциклите

Ана Ололовска

Мотоциклист почина на релито „Дакар“

Ана Ололовска

Карлос Сајнц: Алонсо сака да учествува на рели Дакар

Ана Ололовска

Рели Дакар: Прајс ја освои титулата кај моторите

Наум Локоски