Бројот на жртвите од вирусот ебола во Западна Африка достигна 8220 лица, соопшти Светската здравствена организација.
Статистиката покажува дека се заразени вкупно 20.712 лица. Сите случаи на болеста се однесуваат на трите земји од западна Африка: Гвинеја, Сиера леоне и Либерија.
Најмалку жртви и заболени има во Гвинеја, 1781 и 2775 лица, во Сиера Леоне 2943 починати и 9780 заболени и во Либерија 8157 заразени, а од нив починале 3496 лица. Од вчера, бројот на жртви е зголемен за 56 лица, а на заразени за 67 лица.