Футсал репрезентацијата на Македонија денеска од 17 часот ќе игра против Естонија на турнирот „Четири нации“ што се одржува во градот Тиши во Полска.
Ова е дуел од 2. коло, откако вчера во првото колото нашите репрезентативци одиграа 3:3 со Молдавија.
Натпреварот со Молдавија беше јубилеен за капитенот Зоран Левески, кој го одигра 100. натпревар во националниот дрес, а исто така јубилеј прослави и Ферид Агуши за кого дуелот со Молдавците беше 50. во дресот на Македонија.