Откако ЦИА обелодени дека зад ваквите појави стои тестирањето на авионите за шпионирање, сите кои веруваат дека виделе НЛО-а, ќе останат разочарани.
Како што пишува NY Post, во извештајот на ЦИА, се посочува дека при тестирањето на шпионскиот авион У-2 се случиле многу јавувања за појава на НЛО.
Во средината на 50-сеттите години на минатиот век, повеќето комерцијални авиони летаа на висини од 3.000 до 6.000 метри, додека воените авиони летале под 12.000 метри. Но кога бил конструиран У-2, кој летал на 18.000 метри и повисоко, таа оддалеченост била многу голема во однос на растојанието од комерцијалните летови, па неговите сребрени крила ги рефлектирале сончевите зраци, што некому одоздола му се чинело како огнен светлечки објект, се вели во извештајот на авторите Грегори Педлов и Доналд Велзенбах, што беше меѓу најчитаните материјали на ЦИА во 2014 година, со што ЦИА се пошегува и на Twitter.
Со оглед дека јавноста не знаела за тестирањето на шпионските авиони и дека до тогаш никој не верувал дека човек можел да лета на висини над 18.000 метри, светлината на небото се толкувала како НЛО.
Бројот на дојави на пилоти, но и на оние од земјата, бил толку голем, што била покрената операција ’Сина книга’, која требало да истражи што се случува на небото. Ги споредиле дојавите за НЛО со податоците за прелетите на У-2 и се констатирало дека повеќе од половината што се изведени кон крајот на 50-сеттите и почетокот на 60-сеттите години се поклопува со дојавата на луѓето што тврделе дека виделе НЛО Но, истражителите тогаш, како што тврдат од ЦИА, не можеле да и ја откријат на јавноста вистината.