Вториот дел од кошаркарската Евролига стартуваше со два натпревари одиграни синоќа на кои домашните екипи постигнаа победи.
Панатинаикос го победи европскиот шампион Макаби со 83:76, додека Галатасарај беше подобар од Жалгирис со 78:69.
Другите натпревари од 1.коло од ТОП 16 фазата ќе се играат на 2 јануари, а двојките се:
Црвена Звезда – Реал Мадрид,
АЛБА Берлин – Барселона,
Уникаха – Олимпијакос,
Емпорио Армани – Нижни Новгород,
Фенербахче – ЦСКА Москва и
Лаборал – Анадолу Ефес.