Во Сомалија убиен еден од лидерите на Ал Шабаб

Од:

Лидерот на сомалиската вооружена група Ал Шабаб загина при американски воздушен напад во Сомалија, соопшти денеска сомалиската Национална служба за разузнавање и безбедност.

– Со помош на сомалиската Национална служба за разузнавање и безбедност и американската разузнавачка служба синоќа е убиен лидерот на Ал Шабаб, соопшти сомалиската служба.

Американското Министерство за одбрана вчера соопшти дека презело воздушен напад во Сомалија врз висок претставник на Ал Шабаб.

Загинатиот лидер е познат под имињата Абдишакур и Тахлил и бил шеф на „Амнијат“ елитна единица, која е одговорна за самоубиствени напади во Могадишу.

Ал Шабаб се уште не го коментира тврдењето на сомалиската Национална служба за разузнавање и безбедност.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија