Најмалку 14 лица загинаа во напад на исламистичката група „Аш Шабаб“ врз најголемата база на мировната мисија на Африканската унија во Сомалија, соопшти денеска мисијата.
Сомалиската екстремистичка група „Аш Шабаб“, која презема одговорност за нападот, тврди дека нападот траел неколку часа и дека се убиени 14 мировници.
Портпаролот на Африканската унија полковник Али Аден Хамуд изјави за ДПА дека и осум борци, што ја нападнале базата во близина на аеродромот во Могадишу се мртви. Неколку од нив се самоубиле со експлозивни направи врзани за телото, а останатите се убиени во престрелка со војници од базата. Загинати се и петмина војници и еден цивил.
Африканската унија во Сомалија испарти околу 22.000 војници за помош на властите во борбата против групата „Аш Шабаб“. Групата се бори за соборување на властите во Могадишу, кои се поддржани од Западот, а мировниците на Африканската унија ги нарекува „христијански непријатели“.