Кошаркарите на Оклахома Сити на последниот натпревар во НБА лигата синоќа остварија победа (114:106) на гостувањето против шампионот Сан Антонио.
Триумфот е уште повреден бидејќи беше остварен без најдобриот стрелец на тимот и во НБА лигата последните неколку сезони Кевин Дјурант. Но, за кошаркарот тоа е загрижувачки факт.
Поради повредата на скочниот зглоб тој ќе пропушти уште неколку натпревари.
– Не можам да играм, да трчам, да доскокнам. Да можам да играм сигурно би бил на теренот. Не настапив на многу натпревари сезонава, но прва работа е да бидам здрав, изјави Дјурант.
За него досега беше невообичаено да пропушта натпревари, а особено оние кои се играат на Божик, како што беше вчерашниот со шампионот.
На досега одиграните натпревари Дјурант има просек од 22,4 поени, 5 скокови и 3,6 асистенции.