Мајами подобар од Кливленд со Леброн Џејмс

Од:

НБА лигата за време на католичкиот Божик ноќеска понуди исклучителна програма каде во центарот на вниманието беше гостувањето на Леброн Џејмс со Кливленд во Мајами против неговиот претходен тим.

Домаќинот Мајами, иако настапи без повредениот Крис Бош стигна до победа од 101:91. Во првиот дел тимот го предводеше Двејн Вејд, кој постигна 24 од своите 31 поен, додека Луол Денг постигна 25. Кај поразените најпрецизен беше Џејмс со 30 поени, додека Кајри Ирвинг реализираше 25.

Шампионот Сан Антонио загуби дома од Оклахома Сити со 114:106. Кај гостите не играше Кевин Дјурант (МВП на ланската сезона), а кај домашните Каваи Ленард (МВП на финалето).

На другите три дуели: Њујорк – Вашингтон 91:102, Чикаго – ЛА Лејкерс 1113:93 и ЛА Клиперс – Голден Стејт 100:86.

Вечерва се играат 11 натпревари: Бостон – Бруклин, Орландо – Кливленд, Атланта – Милвоки, Детроит – Индијана, Мемфис – Хјустон, Њу Орлеанс – Сан Антонио, Оклахома Сити – Шарлот, Далас – ЛА Лејкерс, Денвер – Минесота, Портланд – Филаделфија и Сакраменто – Феникс.

Пласман Источна конференција: Торонто 22-7 (победи-порази), Атланта 21-7, Вашингтон 20-8, Чикаго 20-9, Кливленд 17-11,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 23-5, Портланд 23-7, Мемфис 21-7, Хјустон 20-7, Далас 20-10, ЛА Клиперс 20-10,…

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on