Во Никарагва гумени куршуми и солзавец врз демонстрантите

Од:

Специјални полициски сили и војската на Никарагва употребија гумени куршуми и солзавец врз демонстрантите кои го блокираа автопатот во јужниот дел на Никарагва, бидејќи се против изградбата на канал меѓу Тихиот Океан и Карипското Море.

Уапсени се 30 лица, а 20 се повредени во судирите, вклучувајќи 15 полицајци.

Силите за безбедност биле принудени да применат сила бидејќи по една недела преговори не успеале да ги наговорат жителите да го одблокираат автопатот во близина на Ел Тула, град на 400 километри од престолнината Манагва, соопшти полицијата.

Поради изградба на каналот, вреден 50 милијарди долари, ќе биде извршена експропријација на земјиштето.

Претседателот на Никарагва, Даниел Ортега, изјави оти сопствениците на земјиштето ќе добијат обештетување.

Владата на Никарагва, заедно со кинеската компанија гради канал, што треба да биде долг 278 километри и кој, според плановите, треба да биде во функција до 2019 година.

Би можело да ве интересира

ЕУ санкциите против Никарагва продолжени за уште една година

Тропската бура „Џулија“ стигна до Никарагва, оштетени стотици куќи

Ана Ололовска

Ортега: Католичката црква е совршена диктатура и совршена тиранија

Бајден им забрани на претседателот на Никарагва и неговите министри да влезат во САД

Ана Ололовска

ЕУ го осуди автократскиот режим во Никарагва по претседателските избори

А1он

Ортега обезбеди реизбор за четврти мандат на изборите во Никарагва

Ана Ололовска