На Евросонг 2015-та ќе настапуваат натпреварувачи од 39 земји

Од:

Според официјалниот сајт на Евросонг 2015, на ова натпреварување ќе се претстават музичари од 39 држави, а после подолга или покуса пауза на евровизиската сцена се враќаат Кипар, Чешка и Србија.

Покрај овие три земји и Македонија, која ќе ја претставува Даниел Кајмакоски,  на Евровизија ќе се претстават и Албанија, Австрија, Азербејџан, Белорусија, Белгија, Данска, Ерменија, Естонија, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Израел, Италија, Литванија, Летонија, Малта, Молдавија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Русија, Сан Марино, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Велика Британија.

Со оглед на тоа дека бројот на учесници е непарен, организаторите одлучија во првото полуфинале, на 19 мај, да се претстават 16 натпреварувачи, а претставниците на останатите 17 земји да настапат на втората полуфинална вечер на 21 мај. По десет изведувачи од секое полуфинале со најмногу гласови од публиката и жирито ќе се придружат на „големата петорка“ третата ноќ, на 23 мај, на земјите кои го основаа Евросонг (Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија) како и претставникот на земјата-домаќин, односно минатогодишниот победник.

Точниот распоред на настапите ќе биде соопштен на 26 јануари, а Евросонг 2015 се одржува во Австрија, благодарејќи на победата на Кончита Вурс.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија