Почна изградбата на новиот транс-океанскиот канал во Никарагва

Од:

Во Манагва, главниот град на Никарагва, со симболично поставување камен-темелиник, свечено беше означено почнувањето на изградбата на новиот транс-океански канал, што ќе ги поврзува Пацификот и Атланскиот Океан.

Водениот пат низ оваа Средноамериканска земја, што ќе биде „двојник“ на постоечкиот Панамски Канал, предаден во употреба на почетокот од 20 век, треба да се изгради за само пет години и да биде предаден за редовен сообраќај, во 2020 година.

Големиот канал во Никарагва, како што  е официјалното име на овој нов воден пат, ќе биде долг 278 километри и тој не само што е подолг од Панамскиот канал, туку е и поширок и подлабок од својот постар претходник.

Изградбата му е доверена на кинескиот конзорциум ХКНД од Хонг Конг и таа треба да чини 50 милијарди американски долари.

На свеченоста во Манагва, оддалечена 120 километри од местото каде се изведуваат градежните работи и каде ќе биде влезот во идниот канал од пацифичката страна, претседателот на кинескиот конзорциум Ванг Јинг изјави дека станува збор за „момент што ќе влезе во историјата“.

Никарагавнскиот потпретседател Омар Халеслевенс рече дека каналот ќе ја измени историјата и економијата на земјата, која е втора најнеразвиена земја во западната хемисфера.

Властите во Манагва веруваат дека каналот ќе помогне за забрзан развој на домашната економија и за напредок на целата земја.

Стартот на градежните работи се одржа во напната атмосфера поради бројните протести изминатите недели во Никарагва, на противниците на изградбата.

Луѓето од сиромашните заедници низ чија територија ќе минува каналот, не се согласуваат да ја дадат земјата на која живеат со векови и да се селат на друга локација, додека еколозите предупредуваат на опасноста од нарушувањето на човековата околина, како и од уништување на еко системот на Никарагванското Езеро, низ кое во еден дел ќе минува новиот канал.

Странски и домашни економски експерти, пак, предупредуваат на опасноста од „фијаско на целиот проект„ неверувајќи во рентабилноста и исплатливоста на уште еден канал кои го врзува Пацификот, со Атланскиот Океан преку Карибското Море.

Покрај каналот, ќе треба да се изградат и два нови града-пристаништа на влезот и излезот на овој воден пат, потоа аеродром, одморалиште и економска зона, за електричните и други компании.

Би можело да ве интересира

ЕУ санкциите против Никарагва продолжени за уште една година

Тропската бура „Џулија“ стигна до Никарагва, оштетени стотици куќи

Ана Ололовска

Ортега: Католичката црква е совршена диктатура и совршена тиранија

Бајден им забрани на претседателот на Никарагва и неговите министри да влезат во САД

Ана Ололовска

ЕУ го осуди автократскиот режим во Никарагва по претседателските избори

А1он

Ортега обезбеди реизбор за четврти мандат на изборите во Никарагва

Ана Ололовска