СЗО: Досега од ебола починале 7.518 луѓе

Од:

Бројот на починати од ебола во трите најтешко погодени земји во Западна Африка – Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне, е зголемен на 7.518 лица, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Како што е наведено, вкупно се регистрирани 19.340 заболени.

Бројот на жртвите во другите земји е непроменет – шестмина во Мали, еден во САД и осуммина во Нигерија, која во октомври прогласи крај на епидемијата. Во Шпанија и Сенегал се регистрирани по еден заболен.

Генералниот секретар за ОН, Бан Ки-мун пред три дена ги посети Либерија и Сиера Леоне, каде ги пофали здравствените работници кои се борат да го спречат ширењето на епидемијата и им помагаат на болните.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа