Почина поранешниот евровизиски победник Удо Јиргенс

Од:

Австрискиот пејач и композитор, поранешен евровизиски победник Удо Јиргенс почина во Швајцарија, на 80-годишна возраст.

Јиргенс кој важи за еден од најголемите поп ѕвезди во германското јазично подрачје,почина од срцев удар, само две недели по одржувањето на неговиот последен солистички концерт.

Срцевиот удар го погодил додека бил во прошетка. Итно бил префрлен во болница но лекарите можеле само да ја констатираат смрта.

Неговата кариера траеше повеќе од 50 години. Јиргенс има продадено повеќе од 100 милиони дискови.

Во 1966 година победи на натпреварот за Песна на Евровизија,со „Мерси Шери“ една љубовно-социјална балада која најмногу им се допадна на жири комисиите на земјите кои тогаш учествуваа во натпреварувањето.

Песната бргу стана европски хит и таа е една од ретките која во тоа време на поделена Европа им се допадна на луѓето, како на Западот, така и на Истокот.

Удо Јиргенс кој беше и талентиран пијанист, роден е во австрискиот град Клагенфурт (Целовец) што се наоѓа непосредно до австриско-словенечката граница.

Од 2007 година тој беше шварјцарски државјанин и постојано живееше во Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија