Мајкл Фелпс осуден на една година затвор-условно за возење во пијана состојба

Од:

Американскиот пливач Мајкл Фелпс (29) е осуден од судот во Балтимор на една година затвор-условно,за возење во пијана состојба.

Најтрофејниот олимпиец во историјата на Игрите, со освоени 18 златни медали на Олимпијадите на кои се натпреварувал е казнет и со 18 месечно одложено надгледување од комисијата за условно осудени лица.

Во овој период тој ќе мора целосно да се откаже од пиењето алкохол, затоа што доколку биде фатен под дејство и на најмал процент алкохол во крвта ќе мора да ја издржи затврската казна.

Фелпс беше фатен од америкаската сообраќајна полиција како вози со брзина од 135 километри на час, во реон во Балтимор каде се дозволени најмногу 70 километри.

Кога полицијата му извршила алко-тест утврдила дека тој во себе има двојно повеќе алкохол од дозволеното, па веднаш бил уапсен.

Инцидентот се случил во септември оваа година и тој не му е прв. Фелпс неколкупати пред тоа исто така бил „уловен“ како вози под дејство на алкохол, па затоа овој пат е казнет многу построго.

На судењето пливачот кој е еден од најголемите спортски херои во САД, призна дека е зависник од алкохолот, па дека затоа престојувал извесно време на лекување во специјалниот центар во Ариозна за одвикување од алкохолот.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска