Основното училиште „Круме Кепески” од општина Кисела Вода се здоби со титулата државен првак во карате на државното првенство што се одржа во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола.
На првенството, организирано Федерација на училишен спорт на Македонија) и Карате федерацијата на Македонија, учествуваа 61 училиште со вкупно 230 натпреварувачи.
Учениците се натпреваруваа во кати. ОУ,,Круме Кепески” настапи со 15 ученици во различни категории и освои 8 медали од кои 2 златни, 3 сребрени и 3 бронзени во генерален пласман 1-во место екипно. Учениците членуваат во карате клубот „Фунакоши Гичин” кој се наоѓа во ОУ,,Круме Кепески”.