Кошаркарите на Црвена Звезда со победата над Игокеа остварена синоќа со резултат 76:71 (20:19, 23:14, 21:24, 12:14) во последниот натпревар од 12.коло на АБА лигата ја остварија 12.та победа и имаат максимален учинок и со тоа го изедначија рекордот на Олимпија од првата сезона во ова натпреварување.
По водството во првиот дел Црвена Звезда влезе во слаба серија и ривалот Игокеа со серија од 20:3 во финишот на натпреварот и поведе (69:67). Сепак „црвено-белите“ на крајот стигнаа до триумф.
Црвена Звезда во следното коло во понеделник (последно од првиот дел) ќе гостува во Скопје кај македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром.
Резултати на другите натпревари од 12.коло: Цибона – МЗТ Скопје 70:61, Олимпија – Левски 89:70, Шолнок – Крка 63:59, Задар – Партизан 69:68, Мега Лекс – Металац 99:82 и Будуќност – Цедевита 70:80.
Табела: Црвена Звезда 12-0 (победи-порази), Будуќност 10-2, Цедевита 8-4, Олимпија 8-4, Партизан 6-6, Мега 6-6, Цибона 6-6, Шолнок 6-6, Крка 5-7, Задар 5-7, Металац 4-8, МЗТ Скопје А. 4-8, Игокеа 3-9, Левски 1-11.