Во Торонто, Канада, група од дваесеттина случајни минувачи го спасија од под автомобилот згазеното дете. Имено тие го спасиле 12-годишникот кој бил удрен од кола и влечен по патот добри 15 метри.
„Го ставија возилото во лер, го подигнаа и оттурнаа назад“ – изјави еден од сведоците на настанот – „детето обилно крвареше, беше свиткано и во многу лоша состојба“.
Откако е однесено во болница, детето е за среќа надвор од животна опасност.