Седум војници убиени, а 20 ранети во Мјанмар

Од:

Седум мјанмарски војници биле убиени, а 20 ранети во заседа на племенски бунтовници во североисточниот дел на Мјанмар, близу до границата со Кина.

Војниците биле убиени пред пет дена, но армиски извори дури денеска ја соопштија оваа вест. Задоцнетото соопштение, објавено само во државните медиуми, се објаснува како обид да не се нарушат подготовките за нова рунда преговори за прекин на вооружените непријателства меѓу армијата и 19 племиња, кои со децении се борат за автономија и признавање на нивната етничка и верска припадност.

Последната рунда на преговорите за прекин на вооружените судири во Мјанмар се оддржа во втората половина на септември и заврши без договор.

Владата во Мјанмар, која се уште е под контрола на армискиот врв, најави дека во декември ќе организира нова средба за договор за прекинна непријателствата.

Би можело да ве интересира

Почнува новата етапа на демократија во Мјанмар

Емир Латифовиќ

Во Мјанмар ослободени 101 политички затвореници

Емир Латифовиќ

Завршувањето на мировниот процес ќе биде примарна задача на новата власт во Мјанмар

Емир Латифовиќ

Сегашните министри во Мјанмар ќе ги пакуваат куферите, бирократите ќе останат на своите места

Емир Латифовиќ

Во Мјанмар се вжештува предизборната кампања

Емир Латифовиќ

Амнестија за 6.966 затвореници во Мјанмар

Емир Латифовиќ