Католичката црква во Австралија соопшти дека поради целибат свештениците стануваат педофили, па препорача психосексуална обука.
Целибатот може да придонесе за злоставување под некои околности, соопшти црковниот Совет за вистина, правда и исцелување.
Советот кој и помага на Комисијата, која што е задолжена за истрага на сексуалното злоставување на децата во црквите им замери на црковните органи и официјални лица, дека често ги затворале очите пред случаите на педофилија.
Прашањето во врска со целибатот веќе со години е тема за расправа помеѓу католиците.
Папа Франсис во повеќе наврати рече дека педофилијата на католичките свештеници може да се спореди со сатанистички обред, бидејќи на тој начин свештениците го предале Господ.
Инаку скандалот со свештениците кои злоставувале деца, се појави на почеток на 2000 година во САД, а потоа се обелоденија и случаи во Европа, а особено во Ирска каде што се пријавени повеќе десетици илјади злоставувања.
Е. Г.