Унгарскиот премиер, Виктор Орбан предложи обавезно тестирање на наркотици за сите политичари и новинари, поради што критичарите го обвинуваат за загрозување на граѓанска слобода.
– Владата одлучи да се избори со нарко мафијата во својот мандат до 2018 година. Политичари, новинари и сите кои извршуваат јавни функции мора да бидат вклучени во тестирање на наркотици, бидејќи е јасно дека оние кои користат дрога не може да се борат против неа- изјави Орбан, пренесе „Асошиејтед прес“.
Независното здружение на новинари соопшти дека прелогот на Орбан е „правно и морално невиден“, додека опозицискиот лидер Балаж Гулаш оцени дека станува збор за застрашувачки обид за стигмаризирање на новинарите.
Е. Г.