КК Куманово суспендиран од БИБЛ лигата

Од:

Челниците на БИБЛ лигата на својата интернет страница ја објавија одлуката дека македонскиот претставник во ова натпреварување Куманово е суспендиран за непочитување на обврските, што клубот ги презел со самото учество во лигата.

– За жал принудени сме да го суспендираме Куманово додека не бидат разрешени сите проблеми меѓу раководството на клубот и менаџментот на лигата. Нема да прифатеиме и толерираме тим да биде повластен кога се обврските кон лигата во прашање. КК Куманово на последниот натпревар и последните месеци не ги почитува и исполнува маркетинг и медиа правилата. За оваа наша одлука денеска ја информиравме и Македонската кошаркарска дедерација, се вели во соопштението на Шај Стрикс, првиот човек на БИБЛ-лигата.

Куманово следниот натпревар од БИБЛ лигата го игра на 15 јануари 2015 година на гости кај Сутјеска што значи дека двете страни ќе имаат околу еден месец да ги надминат недозарбирањата.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ