Во НБА лигата ноќеска на програмата беа 10 натпревари по кои продолжија позитивните серии на Голден Стејт која стигна до 14 победа во низа, како и на Атланта и Лос Анџелес Клиперс со деветтите последователни победи.
Резултати на ноќешните НБА натпревари: Шарлот – Бостон 96:87, Индијана – ЛА Клиперс 96:103, Орландо – Вашингтон 89:91, Атланта – Филаделфија 95:79, Чикаго – Бруклин 105:80, Минесота – Портланд 90:82, Далас – Њу Орлеанс 112:107, Сан Антонио – Њујорк 109:95, Голден Стејт – Хјустон 105:93 и Денвер – Мајами 102:82.
Вечерва играат Оклахома – Кливленд и Сакраменто – Хјустон.
Пласман Источна конференција: Торонто 16-6 (победи-порази), Атланта 15-6, Вашингтон 15-6, Кливленд 13-7, Чикаго 13-8,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 19-2, Мемфис 17-4, Портланд 17-5, Хјустон 16-5, ЛА Клиперс 16-5,…