Предупредување за „временска бомба“ што ќе погоди делови од Велика Британија

Од:

Жителите во северните и северозападните делови од Велика Британија се предупредени на големо невреме, што наидува кон Британските Острови и на „временска бомба“ што треба да ги погоди денеска и во следните 24 часа.

Силни ветрови и огромни бранови наидуваат кон северозапдниот британски брег, па луѓето во делови од Северна Ирска и Шкотска се предупредени да бидат подготвени за невреме во кое се очекува ветрот да достигне брзина и до 130 километри на час.

Од ноќеска се откажани повеќе фериботски линии, како и возови во делови од земјата, а околу 17.000 домаќинства на островите на северот од Велика Британија, се уште се без струја.

Ситуацијата во северните делови од Шкотска утринава е влошена во споредба со онаа во текот на ноќта, што предизвика училиштата и градинките во овие делови од земјата и на шкотскиот Хајлендс, денеска да бидат затворени, а децата да останат дома со своите родители.

Британските метеоролози најавуваат натамошно влошување на сосотјбата, што го објаснуваат со создавањето на „временска бомба“.

Според метеоролошкте толкувања, „бомбата“ настанува кога експолозвните циклогенези се интензивираат затоа што притисокот во нивниот центар опаѓа забразано за повеќе од 24 милибара во 24 часа.

Вториот бран од невремето што сега се означува дека ќе биде „поголемо од обично“, се очекува во текот на ноќта меѓу денеска и утре. Во петок метеоролозите предвидуваат и обилни снежни врнежи во централна и јужна Шкотска. 

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца