Анкетата што меѓу своите корисници спроведе веб сервисот за слушање музика Spotify, покажа дека омилена музика на љубовниците е онаа од филмот „Валкан танц“ (Dirty Dancing), каде играше Патрик Свејзи и кој ја отпеа нумерата „She’s Like The Wind“.
На второ место на списокот за најслушани песни во текот на водењето љубов е „Sexual Healing“ на Марвин Геј. Најголемо „изненадување“ е „Болерото“ на Морис Равел, кое се најде на трето место. Следи песната „Take My Breath Away“ која групата „Берлин“ ја сними за филмот „Toп Ган“, додека на петто место е опусот на Бери Вајт.
На шесто место повторно е Марвин Геј со песната „Let’s Get it On“, на седмо „Unchained Melody“ групата „Рајтеус Брадерс“, а на осмо „My Heart Will Go On“, на Селин Дион.
Последните две места на топ 10 лисата на најдобри мелодии за водење љубов ги заземаат песните „Je t’aime, moi non plus“ на Серж Гејнзбур и Џејн Бриркин и „I Will Always Love You“ на Доли Партон во изведбата на Витни Хјустон.