Обама со закана до Иран во Обединетите нации

Од:

Во Њујорк почна 67 заседание на Генералното собрание на Обединетите нации. Годишниот состанок на шефовите на држави и влади е централниот настан во меѓународната дипломатија. Американскиот претседател Барак Обама вети пред Генералното собрание на ОН дека САД ќе стори се што е потребно  да го спречи Иран да развие нуклеарно оружје. Тој оцени и дека владеењето на сирискиот претседател Башар ал-Асад треба да се заврши.

„Не лажете се дека Иран кога би имал нуклеарно оружје, не би бил закана за постоењето на Израел, за безбедноста и стабилноста на заливските земји и на светската економија.  Америка сака да го реши ова прашање преку дипломатски канали и ние веруваме дека се уште има простор и време за тоа. Но, тоа време е ограничено“,  повтори неколку пати американскиот претседател. Во делот на говорот за “невиноста на муслиманите”, филм кој поради навредата на Мухамед предизвика силни реакции во муслиманскиот свет и смрт на повеќе од 20 лица, Обама го нарече ужасен, велејќи дека тоа ги навреди не само Муслиманите, туку и САД, но исто така рече дека не го оправдува насилството.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија