Министерството за внатрешни работи на Саудиска Арабија соопшти денеска дека полицијата уапсила 135 луѓе меѓу кои 26 странци поради врски со терористички групи.
– Меѓу уапсените се 16 сириски и тројца јеменски државјани. Уапсени се по повторни обиди да се загрози безбедноста и стабилноста на Саудиска Арабија, изјави портпарол на Министерството.
– Од осомничените, 40 биле во зони на конфликти каде биле дел од екстремистички групи и минале обука за ракување со оружје…пред враќањето во Саудиска Арабија каде планирале дестабилизација, наведе портпаролот.
Педесет и четири осомничени се вмешани во финансирање, регрутирање, пропаганда и производство на експлозиви како помош за екстремистички групи. Саудиска Арабија, Бахреин, Јордан и ОАЕ учествуваат во нападите на коалициските сили предводени од САД врз позиции на екстремистичката група Исламска држава во Сирија.