Последниот ден од Светското првенство во Катарн во 25-метарски базени мина без рекорди на македонските пливачи Марко Блажевски и Горазд Чепишевски.
Во трката на 200 грбно Чепишевски со време 2:03.38 минути го освои 41. место во конкуренција на 59 натпреварувачи.
Марко Блажевски имаше подобро време од пријавеното (2:01.96) и во трката на 200 метри пеперутка имаше време 2:00.61 минути за 38 место во конкуренција на 52 пливачи.
Настапот на македонските пливачи на ова натпреварување може да се оцени како успешен. Блажевски собори четири државни рекорди, а Чепишевски во две дисциплини го подобруваше својот личен рекорд.