Кошаркарите на Атланта Хокс се наоѓаат во одлична форма и ја продолжија победничката серија на гостувањето во Бруклин каде славеа со 98:75.
Перо Антиќ за 17 минути игра реализира четири поени и имаше еден скок.
Решавачка за триумфот на Хокси беше втората четвртина која ја добија со убедливи 36:13. Демар Керол уфрли 16 поени во првото полувреме од вкупно 18 на мечот, Пол Милсап придодаде 17, а Џеф Тиг беше стрелец на 14 поени.
Во редовите на Нетси се истакнаа Брук Лопез со 20 поени и Џо Џонсон кој постигна 12 поени.
Атланта во недела на домашен терен ја пречекува екипата на Денвер.