Два светски рекорда за Унгарката Катинка Хосу

Од:

На третиот ден на Светското првенство во пливање на 25 метарски базени што се одржува во Доха, Катар Унгарката Катинка Хосу освои два златни медала со два светски рекорда. На 200 метри грбно таа исплива – 1:59.23 минути, а во дисциплината 100 метри мешано новиот светски рекорд е 56.70 секунди.

Францускиот пливач Флоран Маноду е нов светски рекордер на 50 метри слободно откако во финалето патеката ја исплива за 20.26 секунди.

Светски рекорд постигна и женската данска штафета 4 х 50 метри мешано со време – 1:44.04 минута, како и холандската женска штафета 4 х 100 метри слободно со време – 3:26.53 минути.

Титулата светски шампион кај жените денеска ја освоија уште: Хемке Хемскверк од Холандија (100 метри слободно), Сара Сјостром од Шведска (50 метри пеперутка), Миреја Белмонте Гарсија од Шпанија (400 метри слободно), додека кај мажите злато освоија: Даниел Гирта од Унгарија (200 метри градно), Петер Бернек од Унгарија (400 метри слободно) и Косуке Хагино од Јапонија (200 метри мешано).

Претпладнево во квалификациите македонските пливачи поставија нови рекорди. Марко Блажевски на 200 метри мешано постави нов македонски рекорд, додека Горазд Чепишевски го подобри личниот рекорд на 50 метри грбно.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска