Најмалку осум лица загинаа во судар на траект и товарен брод западно од островот Јава.
Од траектот, кој потонал по сударот, се евакуирани 208 патници и членови на екипажот, но не се знае точниот број на луѓе во моментот на несреќата, рече портпаролот на Министерството за сообраќај Бамбанг Ерван.
Траектот Бахуга Јава сообраќа помеѓу островите Јава и Суматра.