Јужна Кореја: Нема знаци за тајни севернокорејски тунели близу Сеул

Од:

Нема знаци дека тунели ископани од Северна Кореја има во близина на Сеул и акции ќе бидат преземени против луѓето кои даваат лажни тврдења, соопшти јужнокорејската армија.

Конзервативните групи од Јужна Кореја соопштија дека постојат 12 тунели во близина на северните градови Јангџу и Намјангџу ископани од страна на Северна Кореја да се инфилтрираат нивни припадници на југ.

– Во изминатите четири дена армијата претресе области и мобилизираше повеќе од 100 воени и цивилни лица, како и опрема, соопштија од Генералштабот на армијата на Јужна Кореја.

– Нема ниту еден знак што  укажува на тоа дека постојат такви тунели,наведува ГШ.

Генералштабот на здружените сили се закани дека ќе преземе правни мерки против оние што шират лажни тврдења.

Од 1974 до 1990 година, во Јужна Кореја откриле четири тајни тунели, наводно, ископани од Северна Кореја што би се користеле за напади врз главниот град Сеул.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски