Најдобриот македонски пливач Марко Блажевски собори уште еден национален рекорд. Тој претпладнево, на вториот ден од натпреварите на Светското првенство во 25-метарски базени во Катар во дисциплината 400 метри мешано оствари време 4:13.04 минути што е за 6.82 секунди подобро од стариот рекорд на Александар Маленко поставен во 1995 година во Рио де Жанеиро.
Блажевски трката ја заврши на 25. место во конкуренција на 45 пливачи во оваа дисциплина.
Утре на натпреварите од третиот ден, Блажевски ќе настапи дисциплината 200 метри мешано, додека вториот Македонец на СП Горазд Чепишевски ќе плива на трката 50 метри грбно.