Членови на Ал Каеда во Јемен се заканија дека ќе обезглават американски заложник Лук Сомерс, кој во септември 2013 беше киднапиран во Сана.
Заканата е упатена преку порака поставена на интернет. На инсертите заложникот, кој е на возраст од 33 години, нагласува дека е киднапиран повеќе од една година и моли за помош.
Претходно, специјалци од САД се обидоа да го ослободат Сомерс, но терористите го преместија на друго место.
– Ги предупредуваме Обама и американската Влада дека ќе се соочат со последици доколку преземат глупави акции од нивна страна, се вели во снимката.
Терористите не кажуваат што бараат во замена за ослободување на Сомерс.