Војниците во Јужен Судан велат дека се преморени. Повеќемината веќе цел живот минале борејќи се во тревната рамина од двете страни на реката Нил. Нивната земја доби независност во 2011, по децении бунтови против главно муслиманскиот север, што доведе до расселување на поголем дел од народот. Но бескрвавото отцепување на Јужен Судан се превори во граѓанска војна пред една година, кога преврат или воден удар – кој како гледа на тоа – го растури мирот во најмладата држава на светот. Не чуди што владините трупи, дезертираните војници и здивените племенски милиции, сите тие звучат изморено.
Но тоа не е доволно за борбите да сопрат. Тенкови, артилерија и блиндирани транспортери се поставени да одат наваму и натаму преку земјата која има само малку патишта, ниту еден асфалтиран, освен неколкуте километри во главниот град Џуба. Околината ги успорува механизираните воени дејства. Времето е единственото нешто кое во моментов на луѓето им дава утеха. Со месеци, дождвите беа толку обилни што поголемиот дел од земјата е во кал. Тоа ги ограничи борбите на локални судири.
Сега дождовната сезона заврши заедно со привидниот мир. Како и секоја година од 1955 досега, кога војната првпат изби, Божик е времето за почеток на сезоната на борби во доминантно христијанскиот Јужен Судан. Џон Руај, офицер во владината Јунити, во близина на границата со од војна разнебитениот Судан на север, ми кажува по телефон: „Го собравме кампот и одиме понатаму“. Владините трупи ги минаа минатите неколку месеци во обуки и нарачки на нови намирници, вклучувајќи и муниција, иако поголем дел од тоа ќе стигне откако патиштата пак ќе бидат отворени онака како што калта се суши, давајќи свеж здив на животот во кој војувањето не сопира.
Минатата годна илјадници цивили загинаа и повеќе од два милиони луѓе избегаа од нивните родни огништа. Уште повеќе луѓе се соочуваат со гладта која може да стане најлошата хуманитарна криза на сите времиња, предупредуваат хуманитарците. Околу четири милиони луѓе, или скоро една третина од населението, се соочува со страшен недостиг од храна. Скоро сите владини фондови се потрошени на оружје.
Повеќе од сто илјади бегалци нашле засолниште во базите на ОН поставени низ целата земја. Иако таму добиваат храна и се во подобра позиција отколку поголемиот дел од населението, тие сепак се соочуваат со напади. Најмалку 60-мина биле повредени во борбите во еден камп на 22 ноември. Претседателот Салва Киир, ги обвини ОН затоа што ги штитат бунтовниците со крвави раце, со тврдењето дека во нивните бази се кријат неговите непријатели кои се вооружени и таму „агитираат“. Владините трупи можеби ќе ги земат обвинувањата на нивниот лидер како повод за напади врз камповите. Постои стравување од масакри „со магнитуда на Сребреница или Руанда“, според зборовите на еден странски аналитичар.
Двете страни кои годинава водеа мировни разговори со посредници, потпишаа три од четири договори со цел сопирање на борбите. Но сите несупеаја. Нов круг на разговори со посредство на Етиопија кои се закажани да започнат овој месец, се ставени во мирување. Советот за безбедност на ОН се закани дека ќе воведе санкции кон лидерите на Јужен Судан затоа што намерно не бараат мир. Се разговара за ембарго за оружје. Нема знаци на било каков мир.
Наместо тоа, и владата и бунтовниците повторно зборуваат за воено решение. Командант на опозицијата за белгиската организација Меѓународна кризна група, изјави: „Ова ќе го средиме со војна“. Следниот круг на војувања може да биде фокусирано на нафтените полиња долж северната граница. Од таму доаѓаат скоро исте приходи на владата.
Со овозможување на безбедност околу нафтените инсталации, ОН застанува на страната на владата. Но 12,500-те мировници на ОН се раштркани по целата земја. Елен Маргарет Лоџ, шеф на мисијата на ОН, минатиот месец во Советот за безбедност рече дека само издржан мировен договор може Јужен Судан да го направи стабилен. Ништо не е на повидок. Во меѓувреме, Лоџ рече: „Бев шокирана од целосното непочитување на човечкиот живот“.
Економист – Лондон