Цигарите во Јужна Кореја поскапуваат за 80 отсто

Од:

Парламентот на Јужна Кореја изгласа зголемување на цените на тутунот за 80 отсто за да сузбие пушење, јавуваат јужнокорејски медиуми.

Мерката е донесена во рамки на државниот буџет за 2015 година изгласан синоќа.

Предвидено е од 1 јануари 2015 година еднa кутија цигари да поскапе од 2.500 јужнокорејски вони (1,8 евра) на 4.500 вони (3,35 евра). Владата смета дека со таа одлука би требало да се намали потрошувачката на цигари за 35 отсто до крајот на 2016 година.

Во Јужна Кореја има околу 44 отсто мажи кои пушат цигари. Меѓу членките на Организацијата за економска соработка и развој, Јужна Кореја е прва по број на пушачи пред Турција, Грција, Естонија и Јапонија.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски