Пред собранието на Србија се собраа 3.000 симпатизери на СНС, кои го поздравија Николиќ со аплауз. На свечената седница со полагање заклетва Томислав Николиќ го започна петгодишниот мандат како претседател.
Во својот прв говор, Николиќ порача дека сака една поинаква Србија, обединета во подобар живот, како рамноправна членка на ЕУ, но која никогаш нема да се откаже од суверенитетот над Косово и Метохија.