Холандските цариници запленија пратка од над три тони кокаин, која на црниот пазар би достигнала цена од 120 милиони евра.
Холандското обвинителство денеска соопшти дека пратката била откриена во петокот во контејнер кој пристигнал од Костарика во Ротердам. Ова е второ по големина количество кокаин, кое било запленето во овој пристаништен град. Првиот случај беше во 2005 година, кога беа конфискувани 4,5 тони кокаин.
За овој случај започната е истрага, а не се соопштува за извршени приведувања на сторителите.