Јајца печени во рерна

Од:

Навистина многу брзо ќе ги подготвите, а се неверојатно вкусни и декоративни …

Потребно е:
250 мл слатка павлака
10 јајца
200 гр сланина, шунка, свински врат (по желба), исецкана на коцкички
100 гр кашкавал, изрендан
2 лажици лебни трошки
сол, бибер
малку свеж магдонос
масло

Подготовка:
– Еден огноотпорен сад намастете го со масло и ставете ја павлаката.

– Над павлаката искршете ги јајцата. Посипете со сол и бибер и по желба со сецкан свеж магдонос.

Јајца печени во рерна1

– Одозгора распоредете ја сецканата сланина, посипете со рендан кашкавал и на крај и со лебни трошки.

Јајца печени во рерна2

– Ставете да се  пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 20 минути.

Јајца печени во рерна3

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска