Пана кота

Од:

Верувале или не, пана котата е многу лесна и брза за правење. Единствено за кое треба време е процесот на нејзино ладење.

Потребно е:
1 л слатка павлака
100 гр шеќер
2 лажички екстракт од ванила или 1 стапче ванила
2 ќесички желатин во прав (околу 4 лажички)
6 лажици ладна вода

Подготовка:
– Во тенџере ставете ги слатката павлака и шеќерот. Загрејте ја течноста до вриење.

– Потоа, ставете го екстрактот од ванила. (Ако десертов го правите со стапче од ванила, прво, извадете ги семчињата од ванилата, ставете ги во млекото заедно со шеќерот и оставете да отстојат околу 30 минути. Потоа, ставете ја течноста на рингла и загрејте ја до вриење. Потоа, продолжете од тука со следниот чекор – желатин).

– Желатинот подгответе го според упатството на ќесичката (во 6 лажици ладна вода ставете да го да се растопи). Оставете да отстои околу 10 минути и ставете го во течноста со слатка павлака.

– Мешајте додека да се соедини желатинот во смесата.

– Смесата со желатин претурете ја во мали чинии за сервирање, претходно лесно намачкани со малку масло.

– Ставете ја пана котата да се стегне во фрижидер најмалку 4 часа.

– Послужете со сос од шумско овошје или чоколаден сос.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска