Во акција на Европол на 80 аеродроми уапсени 118 лица

Од:

Вкупно 188 луѓе се уапсени во рамки на меѓународна операција за разбивање на мрежа за купување авионски билети со фалсификувани кредитни картички, соопшти денеска Европол, додавајќи дека се работи за организиран криминал вреден повеќе милиони евра.

Операцијата наречена „Глобална акција“ биле спроведена на вкупно 80 аеродроми во 45 земји. Акцијата биле координирана од седиштата на Европол во Хаг, на Интерепол во Сингапур и на Латиноамериканската полициска агеција „Америпол“ во Богота.

Полициски тимови на аеродромите, од Лондон до Манила, уапсеиле осомничени лица, кои користеле фалсификувани кредитни картички за купување на авионски билети, додека тие стоеле во редови за качување или пак излегување од авионите, изјави директорот на Европол, Роб Вејнрат.

– Авионската индустрија поради овие проблеми губи милијарди долари во текот на една година. Моравме да смислиме глобална операција, да ги спречиме тие луѓе да се качат во авионот или пак да ги фатиме по доаѓањето на посакуваната дестинација, додаде тој.

Во седиштео на Европол во оваа операција работеле заедно стручни лица од компаниите кои издаваат кредитни картички, вклучуваји ги и „Виза“ и „Американ Експрес“, како и претставници на авионски компании и полициски анилитичари.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ