Екипата на АЛБА Берлин во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски со кошот на Реџи Ридинг во последната секунда успеа да слави минимална победа 79:78 над Уникаха Малага. Стојановски натпреварот го заврши со 2 поена.
Од натпреварите одиграни синоќа за одбележување е и високата победа на ЦСКА Москва на гостувањето кај европскиот првак Макаби, како и првиот пораз за Олимпијакос.
Резултати и двојки од 7.коло од Евролигата.
А група: Реал Мадрид – Уникс Казан 75:85. Нижни Новгород – Жалгирис и Анадолу Ефес – Динамо Сасари играат вечерва.
Табела: Реал Мадрид 5-2 (победи-порази), Анадолу Ефес 4-2, Жалгирис 3-3, Нижни Новгород 3-3, Уникс Казан 3-4, Динамо Сасари 1-5.
Б група: Макаби – ЦСКА Москва 61:84, АЛБА Берлин – Уникаха Малага 79:78. Цедевита – Лимож играат вечерва.
Табела: ЦСКА Москва 7-0, Уникаха 4-3, Макаби 4-3, АЛБА Берлин 3-4, Цедевита 1-5, Лимож 1-5.
Ц група: Фенербахче Улкер – Туров 89:74. Панатинаикос – Баерн и Барселона – Емприо Армани играат вечерва.
Табела: Барселона 6-0, Фенербахче Улкер 5-2, Панатинаикос 4-2, Емпорио Армани 2-4, Баерн 1-5, Туров 1-6.
Д група: Црвена Звезда – Нептунас 79:62, Лаборал – Олимпијакос 89:70. Валенсија – Галатасарај играат вечера.
Табела: Олимпијакос 6-1, Црвена Звезда 4-3, Галатасарај 3-3, Лаборал 3-4, Нептунас 3-4, Валенсија 1-5.