Најмалку 133 лица загинаа во судири меѓу две групи од арапско племе во Судан, соопштија локалните власти.
Насилството во јужната држава Западен Кордофан изби поради спор за земја. Двете групи од племето Месирија употребиле огнено оружје во судирот, вклучувајќи и митралези.
Западен Кордофан е главниот регион за добивање нафта во Судан. Државата се граничи со немирната област Дарфур и со новата држава Јужен Судан.