Медицински официјални лица во Амстердам предупредуваат на опасни наркотици кои во тој град се продаваат на туристи, откако тројца Британци починаа кога шмркале хероин мислејќи дека е кокаин.
На Централната станица во Амстердам поставен е голем натпис: Исклучително опасен кокаин им се продава на туристи во оваа област.
Според полицијата, кампањата почнала откако во вторникот двајца Британци на возраст од 20 и 21 година биле пронајдени мртви во хотелска соба откако шмркале „бел хероин“ верувајќи дека е кокаин. Истиот вид наркотик е поврзан и за смртта на уште еден британски турист минатиот месец.