Потребно е:
600 гр брашно
30 гр свеж квасец
2 лажици шеќер
1/2 лажичка сол
1 јајце
1 жолчка
5 лажици масло
200 мл млеко
200 мл вода
за филот:
4 лажици нерастопена свинска маст
4 лажици прав шеќер
3 жолчки
сок од еден лимон
200 гр суво грозје
Подготовка:
– Во еден сад во 100 мл млако млеко растопете ги квасецот и шеќерот и оставете го на топло место да стаса.
– Во друг сад ставете ги сите останати состојки и на крај и стасаниот квасец. Замесете меко тесто кое не треба да ви се лепи на рацете, но не треба да биде тврдо. Оставете го малку да порасне па повторно премесете го. Оставете го да нарасне уште еднаш.
– Сега подгответе го филот. Во еден сад изматете со миксер 4 лажици маст и 4 лажици прав шеќер и постепено додадете 3 жолчки и сок од еден лимон.
– Стасаното тесто развлечете го на набрашнета работна површина. Премачкајте го со филот и посипете со 200 гр суво грозје кое претходно сте го потопиле во млака вода 5-6 минути и сте го исцедиле.
– Завиткајте го како ролат и поделете го на два дела. Од секој дел едниот крај од ролатот земете го во рака, а другиот дел со другата рака завиткајте го како спирала.
– Ставете го во тава на хартија за печење и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 целзиусови степени 30-тина минути.
– Печената пита оставете ја да се излади па тогаш пресечете ја на парчиња и посипете со прав шеќер.